Хрватскиот „сабор“ денеска бира нова Влада со која ќе раководи Андреј Пленковиќ. Новата влада ќе има 18 членови.
Владата во парламентот ќе ја претстави Пленковиќ, кому ова му е трет мандат по ред на чело на извршната власт.
Во Програмата на новата влада од 2024 до 2028 година се истакнати пет приоритети – успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска.
