Хрватска ќе набавува тенкови од 25 милиони евра – Милановиќ: „За таа цена ќе треба да лета“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ учествуваше на свеченоста на Хрватската воена академија „д-р Фрањо Туѓман“, и ги коментираше најавите на неговата земја која ќе набави тенкови, од кои еден чини 25 милиони евра.

„Тенк кој чини 25 милиони евра, единствено нешто што треба е да лета, и тоа би било вистинската цена.“, рече Милановиќ.

Хрватска најави набавка на нови тенкови, откако е објавено дека на Украина ќе и испорача дел од своите борбени возила од источно производство.