Хрватска: По затворањето на вежбалниците, тренираше во црква, па се извини по реакциите на јавноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фитнес тренерот Марио Валентиќ, беше гневен по затворањето на вежбалниците од страна на здравствените власти, па затоа се реши на еден невобичаен потег.

Тој со својот пријател се решиле да направат тренинг во црква, и го снимале истото.

„Без здраво тело, нема здрав дух. Спортот, физичката активност се најдобрата превенција за сите болести и темел на здравиот живот. Бараме од кризниот штаб да ја смени својата дискриминаторска одлука за затворање на вежбалниците и одлуката 25 лица во затворени простории да стане важечко и за „храмовите на телата“, а не само во „духовните храмови“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Сепак, по реакциите од јавноста, двајцата наидоа на осуда и многу негативни коментари. Така видеото е повлечено, а Валентиќ се извини.

„Жалам за то што го сторив. И самиот сум верник. Се извинувам“, напиша потоа Валентиќ.