Хрватска: Се радуваме на туристите, но секојдневно на аеродромите откриваме заразени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на заводот за јавно здравје на Сплит, Жељка Карин зборувајќи за ситуацијата со коронавирусот во сплитско-далматинската област, рече дека има туристи кои заразени доаѓаат во Хрватска.

„Се радувавме на туристите, но ситуaциjата треба да се контролира, треба да се дојде со КОВИД потврди. Има и предлоги да имаат и тестови пред влегувањето во земјата, со оглед дека делта сојот преовладува не само во Англија, туку и кај нас“, рече Карин за ХРТ.

Сплитскиот аеродром има пункт за контрола на туристите, а Карин истакнува дека секојдневно се појавуваат 5-6 туристи кои се позитивни.

„На тој пункт откриваме 5-6 туристи кои имаат позитивен брз тест. Веднаш ги ставаме во изолација, а потоа и ПЦР тестот потврдува дека е позитивен. После 10 дена повторно земаме брис и туристот може да го продолжи патувањето“, рече Карин.

Таа објасни дека ситуацијата не е загрижувачка, но и дека не е задоволувачка.