Од полициската управа на бродско-посавска жупанија, соопштија за деталите за тешката сообраќајна несреќа утрово која се случи во близина на Славонски Брод, при што во превртен автобус со косовски таблици, загинаа 10 лица.
„Оперативно комуникацискиот центар на полициската управа „бродско-посавска“, утрово во 6:19 часот прими дојава за сообраќајна несреќа на автопатот А3 Брегана – Липовац, на јужната лента, кај Славонски Брод, во која неколку лица загинаа, додека повеќемина се повредени.
Полицијата по увидот, со јавен обвинител, утврди дека до несреќата дошло така што 52-годишниот државјанин на Косово, кој управувал со автобусот со косовски регистарски таблици на јужната крајна лента на автопатот А3 Брегана – Липовац од запад кон исток. Со доаѓањето на 211 километар од автопатот, возачот не се движел по средната лента, туку возилото преминало на тревната површина, а потоа дошло до превртување на автобусот на страна.
На местото на настанот интервенирале и припадниците на противпожарната бригата, поради извлекување на телата на патниците. Во оваа несреќа загинаа 10 лица, 15 лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека 30 лица добиле полесни повреди.
Повредените се пренесени во болница во Славонски Брод на укажување на лекарска помош, каде што се задржани на понатамошно лекување.
Од 07:40 часот, сообраќајот на тој патен правец беше затворен, и пренасочуван по алтернативни патни правци, а во 11:35 часот е пуштена само една трака. Во 10:40 часот, возачот на автобусот е приведен и после криминалистички истражување, ќе му биде изречена казнена пријава поради сомнение дека сторил казнено дело од член 227 од законот: Предизвикување сообраќајна несреќа и ќе биде предаден на притворскиот надрзорник на полициската управа бродско-посавска, а потоа и на јавното обвинителство“, известиле од Полициската управа.
