Министерот на одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ учествувал утрово во сообраќајна несреќа во која загина едно лице. Министерот управувал со возилото кое се судрило со комбе. Возачот на комбето им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила во 6:15 часот на излезот од Винковци. Министерот бил пренесен во болница.
Од болницата Винковци потврдија дека министерот е тешко повреден и ќе биде пренесен во болницата во Осијек.
