Приведен 30-годишен кумановец, пријавен за сексуално вознемирување на 18-годишна девојка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Куманово лишила од слобода 30-годишен маж по пријава за инцидент со 18-годишна девојка.

На 22 август 2026 година, околу 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.Ј. (30) од Куманово.

Според пријавата, на 20 август, околу 00:15 часот, додека 18-годишната девојка се движела по улицата „Никола Карев“ во Куманово, осомничениот, наводно, ја допирал по телото, по што со мотоцикл го напуштил местото.

Н.Ј. е задржан во полициска станица.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.