Иван Пернар, хрватски политичар, член на Парламентот на оваа земја и поранешен кандидат за претседател на последните претседателски избори, истакнува дека сево ова околу коронавирусот е една голема манипулација и голема лудост. Тој за пример ја истакнува Шведска како земја која не воведува карантин, и дека ништо драматично нема да се случи.
„Ако коронавирусот не е сличен на грипот, зошто се очекува со доаѓањето на топли денови ќе паѓа бројот на заразени независно од тоа дали се во карантин? Ако коронавирусот не е сличен на грипот, зошто просечната старост на починатите во Италија е 80 години?
Италија сите починати ги брои во корона статистика, иако не умреле од корона, туку со корона. Дури и така гледано, починале 10.000 лица. Некој ќе каже голема бројка но дали знаете дека во Италија секоја година умираат 650 илјади лица?
Ќе разберете дека се ова со корона е само една голема манипулација, и дека оваа приказна со карантинот е само една голема лудост која Кинезите ја воведоа за да ги прекинат протестите во Хонг Конг, ги забранија сите јавни собири за да ги прекинат протестите на „жолтите елеци“ во Франција, и во Ирак каде што исто така имаше големи противладини протести.
Следете ја ситуацијата во Шведска каде што нема карантин, која се потпира на отсуство на паника, и ќе видите дека таму нема ништо драматично да се случи“, напиша Пернар на својот профил на „Фејсбук“.
