Хрватски тренер го прогласија за мртов на ТВ, а тој им порача: „Кажете им дека сум жив“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неверојатен гаф во емисија во живо на националната хрватска телевизија. Водителот објави дека легендарниот фудбалер и тренер Велимир Зајец е починат.

Тој рече неодамна починатиот Зајец, веројатно го помешал со Златко Крањчар.

Тој сакал да ја најави книгата за Зајец, но напрафи гаф со кој влезе во центарот на вниманието во целиот регион.

„Ни доаѓа колега, новинар Сањин Шпановиќ кој напиша книга за Велимир зајец, неодамна починатиот великан на хрватскиот фудбал и спорт. Ќе биде емотивно да се разговара со него“, рече водителот Давор Мештровиќ.

Велимир Зајец остана изненаден, но низ насмевка го коментирал случајот.

„Еве ме, жив сум, одам. Не сум видел, но мора да се збуниле и да ме измешале со Цицо Крањчар. Но, порачајте им на колегите дека сум жив и добар и во другите спортови“, низ насмевка рекол Зајец.