Поради екстремно ниската температура која ја бара вакцината на Фајзер за чување, а тоа голем дел од здравствените установи низ земјата го немаат, лекарите од внатрешноста ќе се вакцинираат во Скопје.
Втората причина за ваквата одлука е поради шесте дози кои се извлекуваат од едно шишенце, да не бидат соодветно и целосно искористени, доколку на тој пункт нема доволен број на пријавени лица за вакцинаијца.
„Известени сме дека и од другите градови значи ние ќе ја вршиме, а за болничкиот блок овде значи да ги извакцинираме сите овде ризични со ковид што работат, а надворешните не беа во превид, но подоцна не известија дека и од надвор ќе доаѓаат тука да ја примаат вакцината. Значи се продолжува малку терминот, но не е проблем“, вели во изјава за Сител Елизабета Ефреовска – главна медицинска сестра во модуларната болница.
Од министерството за здравство пак велат дека во сите пунктвои има соодветни услови за чување на вакцините.
„Причината поради која сите здравствени работници од ковид центрите ќе се вакцинираат во модуларната болница е поради лимитираниот број на вакицни, а со цел максимално искористување на дозите и подобро планирање на процесот за вакцинацаија“, велат од Министерството за здравство.
Според прогнозите, вакцинацијата на медицинските работници би завршила за 10 дена.
Вакцинацијата во Македонија започна вчера со првата донација вакцини кои пристигнаа во неделата од Србија.
