И оваа летна сезона плажите во Охрид ќе останат не регулирани. Пред почетокот на сезоната тие само се исчистени од страна на општина Охрид. За не регулирање и модернизација на плажите, првиот човек на општина Охрид кривицата ја гледа во владата која според него не ги доставува основите за изработка на урбанистичкиот план за охридското езеро до Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски.
Додека пак министерот за Транспорт и врски Благоја Бочварски се оправда со изговор дека треба да се биде внимателен во изработката на плановите поради статусот на УНЕСКО кој го ужива охридскиот регион. Додаде дека тие се веќе предадени на Агенцијата за просторно планирање и се изработуваат внимателно поради статусот на УНЕСКО.
Бочврски изјави дека за сите плажи што се во рамките на урбанистичкиот план во Охрид и во Струга има процедура која со изработка на документите на урбаистичкиот план новиот закон во согласност со УНЕСКО им дозволува регулација за да се овозможи развој на туризмот. Инаку, две години по пандемијата, пред неколку дена во Охрид пристигнаа првите туристи од Холандија и со ова се отвори новата летна сезона.
