Новата изјава на бугарскиот претседател Румен Радев, кој од Белград најави дека Бугарија ќе ја преиспита поддршката за Србија кон ЕУ, поради, како што рече, однесувањето на Белград кон бугарското малцинство во земјата.
Ова донесе многу полемика кај аналитичарите кај нашиот северен сосед, кои ја окарактеризираа оваа закана како реторичка.
„Главниот критериум по кој ќе го судиме и поддржуваме напредокот на земјите од Западен Балкан е токму положбата на нашите сонародници во секоја земја, условите за економски и социјален развој, и пред се нивната способност да го бранат својот идентитет, јазик, култура и историја“, рече Радев.
Радев после три години ја посети Србија, и кажа дека е „постигнато многу за бугарското малцинство во Србија“.
Според аналитичарите, ова е одговор на критиките од Белград кон Софија за гласањето на Резолуцијата а Сребреница во Генералното собрание на ОН.
„Ова е одговор на критиките од Белград во врска со гласањето на Софија за Резолуцијата во ОН. Историјата се повторува, така што секогаш постои членка на ЕУ која може да уценува. Таа закана повеќе е реторичка, отколку што може да има значење, но и порака да се избегнуваат конфликти“, вели Бошко Јакшиќ.
Аналитичарот Саша Митровиќ вели дека Бугарија ја користи својата позиција за да ги оствари своите национални интереси.
„Не треба да се занемари фактот дека Бугарија, и покрај номиналната поддршка на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, веќе се обиде да ја искористи својата позиција како играч на вето за остварување на сопствените национални интереси, дури и кога беше на сметка на пошироките интереси на Унијата. Тој принцип најдиректно се применуваше во сè уште актуелното блокирање на пристапниот процес на Северна Македонија и не би ме изненадило напредокот на Србија кон ЕУ во одреден момент да биде запрен со бугарското вето – смета Митровиќ.
