Ибрахими: Договорот го потпишавме со Заев, и ни вети дека ќе се почитува и од Ковачевски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зеќирија Ибрахими од Алтернатива вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека договорот за коалиција го потпишале со поранешниот премиер Зоран Заев, од кого побарале гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Димитар Ковачевски.

„Договорот за коалицирање го потпишавме со Заев, од кого побаравме гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Ковачевски. Ни беше ветено дека тоа што е договорено и потпишано ќе важи до наредните избори. Сега некој преговара за нашите позиции без да не информира. Не е политички коректно“, вели Ибрахими.

Тој додава дека според нив, мнозинството е стабилно и нема потреба да се проширува.

„Ние сè уште не ги добивме ресоритe што ги договоривме, сега ни велат да ги пуштиме и овие што ги имаме. Како да им веруваме на овие луѓе?. На Алтернатива не и смета Алијанса за Албанците да влезе во Влада, нас ни смета кога некој не го почитува тоа што го договоривме“, додава Ибрахими.