Ибрахими: Ќе се изненадите, во понеделник се објавува ново владино мнозинство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зекирија Ибрахими од Алтернатива гостуваше вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој посочи дека ќе се изненадиме и додаде дека во понеделник ќе се објави ново владино мнозинство.

Иначе, претходно тој истакна дека во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е формирањето на ново мнозинство, а од нив има и поддршка.

Ибрахими додаде и дека веќе се разговара за „поделба на колачот“ за јавните претпријатија во рамките на Град Скопје.

Пред Ибрахими, во студиото гостуваше и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.