Ибрахими: Се сложувам со Мицкоски дека ДУИ сака да ја дестабилизира државата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Алтернатива, Зекирија Ибрахими вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека се согласува со најавите на премиерот и министерот за внатрешни работи дека ДУИ може да ја дестабилизира државата.

ТВ21: Дали се согласувате со Премиерот и Министерот за внатрешни работи што ја обвинуваат ДУИ за обид за дестабилизација?

Ибрахими: Да!

ТВ21: Зошто да?

Ибрахими: Затоа што тие имаат проблем со тоа да седат во опозиција. Другата работа е што и тие самите имаа дадено јавни изјави дека може да има дестабилизација на државата доколку тие не се на власт