Играње шах само со допир – во Охрид се одржува светски натпревар за слепи лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фигурите ги распознаат по допир, а за нивното позиционирање се ориентираат без проблем, бидејќи црните полиња на таблата се поиздигнати од белите.

Слепите лица во нашата земја секојдневно се соочуваат со разни предизвици, меѓутоа тие го прават невозможното за да бидат дел од секоја сфера во општеството. Годинава во Охрид се одржува натпревар во шах за слепи лица. Оваа година, вторпат по ред се натпреваруваат и на светско ниво.

Слепите или лицата со оштетен вид се надеваат дека ќе ги освојат првите пет места.

На овој светски шаховски турнир за слепи и лица со оштетен вид учествуваат 16 земји, а натпреварот трае 7 дена.