„Иловица-Штука“ утре пак на владина седница – Петровска во „Summer Click“ зборува дали се излажани од Бектеши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На владина седница утре ќе се преиспита одлуката за спојување на концесиите за Иловица – Штука. Ова во Summer Click го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Мислам дека тежок збор е изманипулиран или изиграни. Она што е многу важно е дека мојата реакција и реакцијата на колегите кои бевме пренесени, а тоа е колегата Спасовски и Шукова се разбира и присуството на двете министерки на протестот, всушност покажува дека ние ги слушаме реакциите на јавноста. Читав и слушав викендов многу коментари дали ние сме изиграни, дали сме внимавале што се случува на седницата итн. Мислам дека она што е многу важно, а забораваме да го искоментираме тоа е доблеста од страна на министрките кои навистина се одлучија да побараат ревизија на одлуката“, вели Славјанка Петровска.

Министерката додава дека не гледа ништо спорно во одлука која ја донела владата во одреден момент да се најде под ревизија.

„Тоа не е слабост на министрите, напротив тоа е нивна голема покажување на не граброст, туку повеќе достоинство дека навистина знаат да се корегираат и да побараат корекција ако некоја одлука предизвикува такви негативни реакции во јавноста“, додаде Славјанка Петровска.

Додека дел од граѓаните излегоа викендов на улица и гласно кажаа не за отворањето на рудниците, други пак гледаат иднина токму таму.

„Јас сум за да има рудник во село Иловица. Зошто? Мојата иднина ја гледам во рудникот како млад и не одам на протестите“

„Сакам да почнам со една мислам од Черчил дека личниот став е мала работа која прави големи разлики. Зошто јас сум поборник за отварање на рудникот? Јас сум од овие краишта тука и сум свесен дека Струмица е земјоделски крај и  за жал нашето земјоделие не е баш во таа кондиција која ние сакаме да ја прикажеме“

„Велат дека нема да има ништо штетно и ќе направат модерен рудник со филтри и дека нема населението загадено и дека земјоделството нема да пропадне. И затоа мислам дека не треба да штрајкувам, ако се отвори мислам да одам на работа таму“

На протестот беа истакнати барања за раскинување на концесиите, како и утврдување одговорност за сите кои придонеле за можностa да се отвора рудник во Струмичко, а од „Еуромакс ресоурцес“ во реакција оценија дека само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани.