Има ли ризик средствата од каматите да завршат кај лица блиски до власта? Одговара Бишев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По реакциите во јавноста за тоа дека не е во ред граѓаните да ја плаќаат каматата преку Буџетот од 3,25% кон Eкспорт-импорт банката, денеска во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 го прашавме претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев дали постои можност овие средства да завршат кај лица блиски до власта.

Тој вели дека не може да коментира затоа што Македонија е мала земја и постои поврзаноста на фирмите со одредени носители на функции.

„Секој петти има некој роднина што е на некоја функција во одреден јавен сектор, но критериумите се јасни и од тој аспект тоа постои како и секој друг кредит. Ризикот да одобрување лоши кредити или на политички поврзани лица постои исто онолку колку одобрувањето на секој друг кредит“, вели Бишев.

Како што вели, затоа банките имаат прашалници преку кои бараат да се наведе дали лицето кое бара кредит е поврзано со друго лице кое е на јавна функција и истите ги доставуваат до Агенцијата за перење пари.