Има ли ризици во исплатите? Одговара заменик министерот за финансии Јанкуловски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај јавните дилеми околу финансиската состојба на државната каса, од Министерството за финансии уверуваат дека сите законски обврски ќе бидат навремено подмирени до крајот на годината.

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 изјави дека се обезбедени средства за исплата на платите, социјалните трансфери и регресот за годишен одмор (К-15) за вработените во јавната администрација.

„Сѐ она за што Владата се обврзала и што законски е должна да го исплати е финансиски покриено. Средствата се обезбедени и дополнително ќе се дообезбедуваат преку тековното работење на државата“, истакна Јанкуловски.

Тој нагласи дека до крајот на годината не се планира дополнително задолжување надвор од веќе утврдениот календар за задолжување, што, како што посочи, е показател за стабилно управување со јавните финансии.