Има симптоми, чека термин за тестирање, но никој не го контролира – зошто е ова вака, одговара Спасовски во #ClickPlus

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик Плус“ на ТВ21 зборува за актуелни теми, пред се за улогата на МВР во заштитата од коронавирусот, во контролата на позитивните случаи, оние кои се во изолација.

Но, што е со оние кои имаат симптоми, имаат термин за тестирање, но никој не ги контролира? Зошто е тоа така? Одговори Спасовски во вечерашното гостување во ТВ21.

„Тоа се случува кога државниот и санитарен инспекторат ќе издаде решение за изолација. Најголемиот дел од граѓаните и во тој дел се совесни. Кога зборуваме за почитување на мерките, секогаш се појавува 1% од граѓаните кои не ги почитуваат. Не само мерки, туку и други работи.“, рече Спасовски и додаде:

„Јас сум благодарен на оние кои ги почитуваат мерките и кои се совесни., изјави министерот за внатрешни работи.