Во последните 24 часа имаме 22 заразени со коронавирус, а претходно имавме 29. Тоа е охрабрувачки, рече Филипче, но и натаму апелираше на почитување на препораките, со цел да се намалува бројката.
„Во изминатите 24 часа имаме седум пациенти помалку од минатиот ден. Тоа е охрабрувачки, но не трба ништо да значи. Мерките кои ги воведовме да се почитуваат, и се надевам дека ќе дадат соодветни резултати“, изјави Филипче.
