Дебар од 13 март беше во целосна изолација, опколен со полициски тимови кои не дозволуваа влез ниту излез на граѓаните. Единствено можеа да сообраќаат возилата на Брза помош кои носеа пациенти на Инфективната клиника во Скопје.
Но, колку имаше ефект оваа мерка во Дебар, кажува градоначалникот Хекуран Дука.
„Ние ги баравме мерките, Владата постапи и сметаме дека единствен начин е за спречување на епидемијата, за ширење на вирусот, се овие мерки и препораки од Владата на РСМ. Се е под контрола, се е под контрола и сега имаме чисти сметки, знаеме кој е инфициран, правиме изолација и стигавме од 19 тестирања направени во понеделникот, 15 да бидат негативни, а од 4 други се уште ги чекаме резултатите“, истакна Хакуран Дука.
Дука рече дека доколку мерките се спровеле порано, последиците ќе биле помали од овие сега.
„Мерките кои ги спроведе Владата, за целосна изолација на Дебар, беа мерки кои ние ги побаравме и претходно, и доколку мерките се донесеа порано, можеби ќе имаше помали последици“, вели Дука.
На почеток, Дебар беше жариште на заразата, но според тоа што го кажува Дука и МЗ, таму бројкот на заразено застана на 47. Во полоша ситуација сега е Д=Куманово, со 62 заразени лица. Затоа, Дука вели дека добро е и во Куманово да се спроведе истиот режим како и во Дебар.
„Во Куманово, колку што можев да следа, и таму знаците не се добри, бидејќи бројот на пациенти се движи прогресивно и моето мислење , според искуството, таму што поскоро треба да се спроведат рестриктивни мерки“, додава Дука.
Прогласување кризна состојба во Куманово постојано бара Кризниот штаб, но Владата се уште не донела таква одлука. Пред неколку дена, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека треба да се почека уште неколку дена.
Дебар во изолација ќе биде до 13 април, а дали ќе продолжи кризната состојба, зависи од експертите. Меѓутоа, Дука вели дека можеби до тогаш ќе се ослободи само од неколку рестриктивни мерки.
