„Имаше три прстени со различни дезени“ –Познатата битолчанка Марија Груевска откри детали од запросувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познатата битолчанка Марија Груевска, која јавноста најдобро ја запозна преку регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ гостува денеска во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21 каде открија детали од запросувањето.

Таа вели дека тој неочекувано ја изненадил.

„Дури не реков ни „да“ на прва, затоа што бев во шок. На последното снимање на спотот се случи тоа, клекна и ме запроси. Од нигде никаде, воопшто не очекував. Да беше нова година, роденден или нешто такво, пак после 3 години врска ќе очекуваш, али таму воопшто“, истакна Марија Груевска.

Во студиото, исто така гостуваше и нејзиниот вереник Синиша Стојановски, кој откри дека Марија за малку ќе го пронашла прстенот.

„Имаше три прстени. Да си одберам сама“, откри Марија која додаде дека се работело за три различни дезени.

Во продолжение видео: