Движење Беса , чиј претседател Билал Касами сега раководи со општина Тетово, во 2019 година водеше кампања за промена на имињата на училиштата во градот. Тогаш беа во опозиција во општинскиот совет и преку нивните советници БЕСА презеде иницијатива за преименување на училиштата, дури имаше и конкретни предлози.
„Средното медицинско училиште Никола Штејн да се преименува во Ферид Мурат гимназијата Кирил Пејчиновиќ да се преименува Ѓон Бозуку, средното училиште Моша Пијаде -Реџеп Водка, средното училиште за текстил од Ѓорче Стојчевски, да се преименува во Хасан Тасини“, вели Хатије Етеми.
ВО 2019 Беса делеше и флаери со новите имиња на училиштата.
„Во соработка со другите партии кои се дел од општинскиот совет на Тетово ќе успееме да го промениме овој потценувачки факт за нас како мнозинство во општина Тетово и доколку се соочиме со опструкции тогаш ќе ги користиме сите можни законски механизми за да ја отстраниме оваа негативна појава“, додаде Бесар Дурмиши.
Сега „Беса“ го има мнозинството во Советот, но очигледно не сака да дејствува сама, ниту да користи каков било механизам како што рекоа во 2019 година. Претседателот на Советот, Бесар Дурмиши вели дека ќе треба да седне на маса со сите партии да разговара за оваа иницијатива.
„Предлогот што го дадовме повторно ќе го дадеме, но ќе видиме, ќе ги видиме и предлозите од други политички партии и невладини здруженија и на тие кои немаат претставници во Советот на општината, ќе ги видиме сите можности и ќе најдеме заеднички консензус“, порача Бесар Дермиши.
Македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пред една недела беа против предлогот за промена на имињата на училиштата и на улиците во Тетово. Но, градоначалникот на Тетово Билал Касами пред неколку дена откри дека на општина Тетово веќе не и е потребен Бадентер бидејќи последниот попис на населението покажал дека помалку од 20 отсто од жителите се македонци. Тоа подразбира дека имињата може да се менуваат само со гласовите на советниците на албанските партии.
