„Имри Елези“ со двоен предизвик во пресрет на учебната година: Директорката Коџаџику стана пратеничка, училиштето се реновира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новата учебна година ќе го затече Основното училиште „Имри Елези“ во Чаир со двоен предизвик. Директорката Мерита Коџаџику вчера била на работа, но не и денеска. Откако беше избрана за пратеничка, таа почна да оди на координирање во партијата за нејзините активности. Иако не знае кој ќе биде, сепак следниот директор го чека многу работа.

-За директорот не се знае ништо.
-Се подготвуваат за учебната година? Просторот за држење дистанца меѓу учениците?
-Да, има подготовки. Еве хигиеничарките прават генералка. Тие почнаа со работа.

Низ ходниците имаше плочки, бидејќи во тек е реновирање на дел од училишната зграда.

Не се подготвени ниту училниците каде настава треба да следат учениците од прво од трето одделение. Исчистени се и затворени, но нема ниту една насока околу тоа како треба да се држи растојание меѓу децата. И тоалетите не се пуштени во функција. Сето ова се случува поради тоа што сѐ уште не се знае кога почнува учебната година. Хигиеничарките се надеваат дека имаат време да ги завршат сите подготовки, бидејќи им било кажано дека наставата стартува на 15 септември.

-Ниту вие не знаете кога почнува учебната година?
-Ни рекоа – на 15-ти на работа, но не знаеме со сигурност.

Инаку, директорката Коџаџику е пратеничка од зоната во Чаир. ТВ21 денеска неколкупати се обиде да стапи во контакт со неа и да ја праша околу предизвиците во училиште и Собрание, но таа не одговори ниту на нашите повици, ниту на смс-пораките.