Индонезиски Боинг 737 исчезнал од радарот кратко по полетувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Контролата на лет изгуби контакт со авион на Сривиџава Ер денес кратко по полетувањето од главниот град на Индонезија, Џакарта.

Од Flightradar24 пишуваат дека ги следат извештаите за можно исчезнување на Боинг 737-500 во Индонезија.

Авионот на Сривиџава ер #SJ182 изгубил повеќе од 10.000 стапки висина за помалку од една минута, само четири минути по заминувањето од Џакарта.

Летот #SJ182 го управуваше „класичен“ Боинг 737-500 со регистарски број PK-CLC (MSN 27323).

На авионот имало 56 патници, од кои седум деца и шест члена на екипажот, објави ТВ Метро.