Инфлацијата во јули изнесува 0,1 отсто, на годишно ниво трошоците на живот повисоки за 2,3 проценти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, во однос на јуни годинава, изнесува 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика.

Најголем раст е регистриран кај транспортот – 4,4 проценти, како и кај рекреацијата и културата, домувањето и угостителските услуги. Истовремено, најголемо намалување е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци, за 1,1 процент, како и кај покуќнината и опремата за домаќинствата.

На годишно ниво, трошоците на живот во јули се повисоки за 2,3 проценти, додека цените на мало бележат раст од 1,8 проценти.