Преку кафуле надвор од градот Скопје се прошири коронавирусот
Болницата во Вухан се изгради за 48 часа или 4 дена . . .
Американски војници слетаа во Германија без маски, бидејќи не се плашат од коронавирусот . . .
Мрежата 5Г е причинител за коронавирусот . . .
Ова се дел од информациите кои беа објавени во медиумите, но практично се дезинформации.
Иако дезинформација, за мрежата 5Г беше отворена и петиција со која се бара во Северна Македонија да не се воведе 5Г мрежата. Од Македонски телеком и од Министерството за информатичко општество велат дека во нашата држава воопшто нема 5Г.
Истото беше објавено и од повлијателните страници. . .
И како резултат на овие и други дезинформации, здруженијата на медиуми ја испитуваат нивната точност. Советот за етика во медиумите во Македонија веќе постапи за една информација и велат дека се разгледуваат други, вели Марина Тунева.
Тунева посочува дека најпроблематични се информациите со сензационалистички содржини, кои и граѓаните ги пријавуваат кај нив.
Освен медиумските здруженија и Министерството за внатрешни работи се бори против дезинформациите за коронавирусот преку тужби поднесени до Јавното обвинителство. Досега се поднесени 15 кривични пријави до Обвинителството, извести министерот Наќе Чулев.
Но, за да постапи МВР, треба граѓаните да помогнат, а еве како:
Дали информациите се дезинформација, тоа може да се разбере кои извори цитира медиумот. За коронавирусот, како извори на информации се: Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Владата, Институтот за јавно здравје, општините и Светската здравствена организација.
