Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за учеството на Република Северна Македонија во НАТО Процесот на одбранбено планирање – Трет чекор во процесот, доделување на Цели на способности.
На седницата Владата го задолжи Министерството за одбрана да ги прифати предложените Цели на способности и наведените распоредливи способности за НАТО предводени операции, кое е обврзано редовно да ги следи сите обврски за Република Северна Македонија, да ги информира сите вклучени институции за следните чекори и да го координира целокупниот процес.
