Вака смета Суарет Алишан од коалицијата Менуваме кој вели дека инклузивноста не дала добри резулттаи и била на штета на учениците со посебни потреби, додавајќи дека овие деца не можат да функционираат во редовното образование. Ова го рече по средбата со новата министерка Весна Јаневска при што додаде дека се договориле од септември да се врати стариот модел,со кој децата со оштетен вид, слух, говор како и другите деца со посебни потреби ќе учат во специјализирани училишта со помош на експерти кои ќе работат со нив и со нивните родители.
Коалицијата Менуваме предлага на учениците со посебни потреби да им се вратат образовните простории бидејќи, како што вели, учењето заедно им помага на децата да учат едни од други, да си бидат конкуренција, да напредуваат и да бидат поуспешни индивидуи.
