Институциите да ги стават во мирување вработувањата – Ивановска: Вработувањата може да влијаат на гласачкото тело

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изградба на улици и канализации, училишта, градинки, спортски сали, болнички оддели.

Вака изгледаат политичките функционери на терен по одредувањето на датумот за избори.

Има и огласи за вработување низ разни институции. Државната комисија за спречување корупција апелира до институциите да престанат со вработувања бидејќи на тој начин може да влијаат врз гласачкото тело.

Од денот на објавување на парламентарните избори до денот кога ќе се избираат пратениците строго се забранува изградба на објекти со државни пари.

Според законот, се забранува започнување на градежни работи, се забрануваат дополнителни исплати, вработувања и отпуштање од работа.