Директор на Државниот земјоделски инспекторат Зоран Шапуриќ на својот Фејсбук профил објави дека во Преспанското езеро државниот Инспекторат за земјоделство заедно со МВР, односно езерската полиција во изминатиов период имале интензивни активности за спречување на нелегален риболов.
Тој додава дека одземени се околу 2000 метри мрежа и 30 килограми риба кои се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.
