„Интензивно ги разгледуваме можностите за набавка на кинеската вакцина“, вели Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Македонија очекува вакцини преку неколку механизми, но земјава започнува активно да преговара и за набавка на кинеската вакцина, откако Фајзер веќе доцни со доставата и не може да постигне со производство.

Министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „10 минути“ на ТВ21 открива повеќе околку набавката.

Филипче додава дека на ваков чекор се одлучиле токму поради неможноста да престигне со производство Фајзер, потенцирајќи дека планот е кога ќе се започне со вакцинација тој процес да продолжи, а не како Хрватска која започна, па сега мора да го прекине процесот поради недостаток на вакцини.

Процесот за вакцинација ќе започне во февруари, а први предност ќе имаат ризичните групи, медицинските работници, а потоа и наставници, новинари, службеници…