Интересно искуство на првиот Македонец кој го посетил Парламентот на Северна Кореја

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Северна Кореја – држава за која многу малку имаме слушнато, а уште помалку видено каков е всушност животот во оваа земја.

Димче Мицкоски во вчерашната емисија „Урбан таг“ на ТВ21 ја објасни својата интересна посета во оваа држава.

Тој истакна дека додека биле во Северна Кореја не смееле да го користат тоа име на државата, туку Демократска Народна Република Кореја.

„Поминавме низ ригорозна царинска контрола. На оваа контрола ги проверуваат на скенер куферите за тоа дали се носат некои недозволени работи, а тоа се литература, книги, верски книги. По оваа контрола следува и третиот дел – проверка на електронските направи“, вели Мицкоски.

Тој додава дека ваквата контрола врз мобилните телефони важи и за излез од државата.

Посочува дека навечер се заклучени во хотелот, додека пак после 22 часот надвор се исклучувала струјата, а осветлени биле само спомениците на лидерите на Кореја и неколку државни институции.

Во продолжение дознајте повеќе за животот во оваа држава: