Интерпелација на собранискиот спикер – Гаши: Интерпелацијата е политичка мотивирана и е со албанофобија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жестока дебата се водеше на денешната седница на која се расправаше за интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Во образложението на седумте точки од интерпелацијата Димитар Апасиев од Левица рече дека собранискиот спикер Гаши со молитвата во Собранието, со настанот со косовската претседателка Османи на аеродромот, како и другите точки, направил грубо кршење на Уставот и Деловникот.

-Вие за прв пат без преседан Собранието го направивте центар на антисекуларни активности. Религиозен култ се врши исклучиво во верски објект а такво Собранието не е. За разлика од Талат Џафери кој беше мајстор за скандали вие го надминавте, практично за 100 дена направивте рафал од скандали и станавте можеби велемајстор. Ова е познатиот случај кој не би го елаборирал посебно затоа што јавноста запознато со косовската претседателка Вјоса Османи, изјави Димитар Апасиев од Левица.

Претседателот на Собранието Африм Гаши обраќањето на Апасиев го оцени како полно со албанофобија, исламофобија и со неточни тврдења. По неговото обраќање пред пратениците рече дека ќе ја напушти седницата, за, како што рече да не влијаел на натамошната дебата.

Ова не е интерпелација против Африм Гаши туку на верската припадност на претседателот на Собранието. Ова не е интерпелација кон пречекорување на овластувањата во однос на безбедноста, туку поради добрососедските односи и заложба за повлекување на признавањето на Република Косово. Ова не е интерпелација за наводната повреда на законот за јазиците, туку поради фобијата кон албанскиот јазик и етничката припадност на претседателот, ова не е интерпелација кон знамето на ЕУ и НАТО туку интерпелација кон нашата стратешка ориентација, изјави Африм Гаши, претседател на Собрание.

Талат Џафери од Европскиот фронт иако случаите за кој е покрената интерпелација ги нарече скандали, сепак рече дека тие нема да го поддржат барањето одговорност за Гаши.

-Ова не го поддржуваме ние и свесен сум дека гласовите против оваа интерпелација се обезбедени, но или треба да биде претседател на Собранието или да не пополнува џабе само едно место таму. Затоа сугерирам дека Собранието треба да работи според Деловникот.
Жестоки критики стигнаа од СДСМ од каде најавија дека ќе гласаат за оваа интерпелација, иако како што рекоа очекуваа ова барање одговорност да дојде од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Талат Џафери од Европски фронт.

-Имаме обврска пред себе си и пред граѓаните да му застанеме на патот на патот на башибозукот и беззаконието кое од првиот ден го промовираат партиите од власта. Ако имаа трошка самопочит, ако сакаа барем малку да си го сочуваат образот оваа интерпелација ќе дојдеше од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Каде е денеска Мицкоски повторно да порача никој не е над народот законот и Уставот, изјави Миле Талески од СДСМ.

Во одбрана на спикерот Гаши застанаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ според кои интерпелацијата е политички производ на кој не треба да му се посвети внимание.