Интерпелацијата на Спасовски денеска нема да се најде пред пратениците, Џафери објасни зошто

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери во денешната емисија „10 Минути“ на ТВ21 разговаше и за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Џафери посочи дека интерпелацијата за Спасовски е последната точка на дневниот ред, но вели дека нема да биде последна на првиот ден кога ќе се одобри дневниот ред, бидејќи истата има рок.

„Прашањето за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е на 39-та седница. Формално е како последната точка на дневниот ред, но не значи дека ќе биде последна откако ќе се одобри дневниот ред“, вели Џафери.

Тој додава дека за интерпелација мора Собранието да обезбеди расправа во текот на целиот ден, а да се изгласа до полноќ.