Министеството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден се случил инцидент на аеродромот во Охрид, при што со тешки телесни повреди се здобил работник од Кавадарци.
„На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.
