Инцидент во Сарај: Лице пријавило пукање од своите татко и чичко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера се случил инцидент во Сарај, кој за среќа завршил без смртни последици. Имено, 29-годишник од Ласкарци пријавил дека додека работел на објект во изградба, дошле неговиот татко и чичко и пукале кон објектот и кон неговиот автомобил.

„На 02.06.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје, Е.М (29) од с.Ласкарци, скопско, пријави дека во негов објект во изградба на патот Сарај-Матка, каде работел со негов пријател, дошле неговиот татко Е.М.(57) и неговиот чичко С.М.(45), со кои што имал претходни деловни недоразбирања, а откако им рекол да го напуштат објектот тие со пиштол и ловечка пушка почнале да пукаат кон објектот и го оштетиле неговото патничко возило. По преземени мерки полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.М., а при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и патрони. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.