Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според соопштението, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 130 километри.
Засега нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета.
