ИПАРД субвенциите голема помош за земјоделците – повеќе се заинтересирани за современи земјоделски машини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Александар Крстевски е земјоделец од скопска периферија.

Одгледува различни култури, меѓу кои и моркови. Кога доаѓа времето за да се вадат мпорковите од земја, оваа машина, која ја купил со помош на ИПАРД субвенциите од Европската Унија, многу му ја олеснува работата.

Оваа машина не е единствената која неговата компанија ја купила со ИПАРД субвенциите. Со субвенции го купил и овој натоварувач на овошје и овој модерен плуг. Половина од сумата е со повратни средства, што претставува голема помош за земјоделците.

ИПАРД е инструмент на ЕУ за помош, односно за рурален развој на земјите кандидати. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, вели дека земјоделците најмногу се заинтересирани за овие средства за набавка на земјоделска механизација, системи за наводнување, земјоделска опрема и пчеларство.

Пред неколку години овој вид на поддршка малку се користеше од нашата земја, но сега Македонија е лидер на Балканот за користење на овој фонд. Целосно е искористен вкупниот буџет од 60 милиони евра, вели Бачовски, откривајќи го и планот за ИПАРД 3.

На земјоделците им е јасно дека без модернизација не може да се цели кон европскиот пазар.