Иран ги повика европските земји да влијаат врз Израел да ги прекине нападите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иранските власти денес ги повикаа европските земји да ги запрат израелските напади, на четвртиот ден од воената ескалација меѓу двата непријатели.

„Германија, Франција и Велика Британија требаше многу јасно да ги осудат злосторствата на ционистичкиот режим“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај.

Според него, Иран очекува европските земји да работат на прекин на „агресијата и да ги осудат дејствијата на израелскиот режим против нуклеарните објекти на Иран“.

Багај рече дека очекува и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ги осуди нападите на Израел врз Иран.

„Мировно време нуклеарните објекти на земјата кои беа под постојан надзор на МААЕ беа нападнати. Очекуваме таа агенција да заземе цврст став и да го осуди овој чин за време на вонредниот состанок на Одборот на гувернери на МААЕ закажан за денес во Виена“, додаде Багај.