Иранскиот заменик премиер заразен со коронавирус, први случаи во Романија, Данска и Естонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иранскиот потпретседател на Владата за жени и семејни прашања Масумех Ебтекар, има коронавирус, јавува „Russia Today“. Вчера бил виден во друштво со претседателот Хасан Рухани.

Први случаи на зараза од коронавирусот се регистрирани во Романија, Данска, Естонија. Италија и натаму има најголема епидемија, додека Јужна Кореја има најголем скок на заболени до сега.

Во меѓувреме Израел им забрани влез на сите државјани на Италија во нивната земја. Австрија објави за прв заразен во Виена, што е трет случај со коронавирус после двајцата заразени во Тирол.