Новата табла која беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на плошадот Магнолија во центарот на Битола, е исчкртана со црн спреј и веќе не може да се прочита текстот на неа.
На таблата стоеше текст дека станува збор за историска фигура која припаѓа на античката хеленистича историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство.
Беше напишана на македонски, и на англиски јазик.
Објаснувањето на металните плочи пред спомениците е дел од обврските од Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија.
