Исечени дрвја во Тетово, жестока дебата меѓу Касами и Сулејмани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По објавувањето на веста на ТВ21 дека улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово веќе 6 месеци е во лоша состојба, денеска почнаа подготовките за нејзина реконструкција. За таа цел, беа отсечени неколку дрвја покрај улицата. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, најави дека ќе ја посети улицата, каде беше пречекан од еко-активисти и советници од Независната листа „Подобро за Тетово“.

-Реакциите на граѓаните се нормални, затоа те повикав на телефон. Те предупредив и не ти беше сеедно поради смс-пораката кога реков дека дојдоа скандалите на новиот градоначалник. Ќе зборуваме транспарентно. Рековме дека ќе се повикуваме на транспарентност. Нека каже и г.Мемети согласно кој инспектор, согласно која одлука, кој ја одобри одлуката да се исечат дрвјата сѐ до Музичкото училиште? Градоначалнику, ние еден градоначалник испративме дома поради овие работи. Немаме намера да ве испратиме и Вас доколку работите, но ако го правите ова…., вели општинскиот советник Хамди Сулејмани.


-Навистина сме крајно изреволтирани. Ова не е во ред. Ова е голема штета која не може да се врати. Доколку има уште некое дрво кое може да се спаси… Ве молам и во другите населби каде што ќе интервенирате, тоа да се направи по соодветна постапка, бидејќи многу стари дрвја се исечени во Тетово. Тука интервениравме, видовме и нови садници… Не знам како можевте да ги исечете…
-Градоначалнику, граѓаните реагираат дека патот не е асфалтиран. Досега беше во ред, но доколку улицата не се прошири, зошто тогаш се сечат овие дрвја?


Но, според Касами, ова е дефокусирање од работата што ја прават. Според него, на оваа локација ќе бидат засадени нови дрвја, поубави и посоодветни за местото.

-Не е во ред дефокусот што се прави во однос на дрвјата, бидејќи ние сметаме дека тие ќе бидат заменети со други адекватни дрвја за наредните 50 години, а не со дрвја стари по 50 години. Исто така овие дрвја согласно тоа колку се стари ќе мора да се заменат, а тоа ќе биде направено во рекордно време. Оваа улица ќе биде асфалтирана согласно сите стандарди во рокот што го одредивме за изведување на овие активности. Мислам дека Тетово ќе добие улица каква заслужува, вели Касами.


Инаку, улицата „Страшо Пинџур“ почна да се асфалтира пред 6 месеци, а вчерашните снимки покажуваат колку е пуста и „соголена“ поради сечењето на дрворедите.