Исмаил: Кај социјал-демократите овој тип на пројавувања не се непознати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден од основачите на СДСМ Ѓунер Исмаил во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека кај социјалдемократите овој тип на пројавувања не се непознати, мислејќи на внатрепартиските настани кои се случуваат деновиве.

„Историски гледано во Социјалдемократијата не се непознати овој тип на индивидуални пројавувања и тоа е нешто кое мене не ме зачудува. Нека се и најгрди критики, нека се и најнеобразложени, не барам мотиви други освен тоа дека едноставно тоа е право на некаков политички став“, вели Исмаил.

Тој додава дека ние живееме во време кога секој човек има свој став и свое мислење во врска со секое случување.