Исплатата на „МојДДВ“ за вториот квартал – 15 граѓани ќе бидат наградени со по 100 илјади денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска стартува исплатата за вториот квартал од мерката „Мој ДДВ“, за околу 198 илјади граѓани кои скенирале сметки во октомври, ноември и декември.

На сметките на граѓаните ќе бидат исплатени вкупно 238.075.865 денари, информираат од УЈП.

Поврат на средства очекува и директорката Сања Лукаревска, која низ насмевка вели дека очекува да го достигне лимитот на поврат на средства.

Лукаревска вели дека пари од ДДВ ќе добијат и оние граѓани кои во првиот квартал имале проблеми со жиро-сметките.

Инаку, само во јануари биле скенирани 150 милиони фискални сметки во вкупна вредност од 730 милиони денари.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, повтори дека со оваа мерка граѓаните помагаат во борба против сивата економија.

Денеска ќе се одржи и втората рунда од наградната игра „Моја награда“ која е во рамките на мерката „Мој ДДВ“ . 15 граѓани ќе бидат добијат парични награди во вредност од по 100 илјади денари.