Исти плати на сите универзитети, со 85 гласа „ЗА“ се изгласа предлогот Закон за високо образование

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со закон се усогласија платите на професорите ена сите државни универзитети. Во Собрание со 85 гласа за,ниеден против и ниеден воздржан се изгласа предлог законот за високо образование.

Оваа измена следи по искажаниот револт на 5 државни универзитети, кои реагираа бидејќи само на УКИМ беа покачени платите за 22% но не и за нив, бидејќи не можел да биде потпишан колективен договор во време на избори.
Пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми појасни дека со ова, универзитетите не можат да потпишуваат колективни договори. Тој додаде дека целта на овој предлог закон е унифицирање на платите во високото образование, имајќи предвид дека УКИМ потпишал колективен договор со Собранието на РСМ.

-Целта на овој предлог закон е унифицирање на платите во високото образование, имајќи предвид дека УКИМ има потпишано колективен договор со Собранието на РСМ, со претседателот на Собранието и во овие услови и околности кога не можеме да потпишеме колективен договор со сите други јавни универзитети, ни останува како механизам да ја изедначиме вредноста на коефициентите во законот за високо образование, со што ќе има ист статус за сите вработени на сите јавни универзитети-рече Адеми.

Тие кои реагираа најгласно последниве денови беа синдикатите на 5 државни универзиттеи кои го нарекоа дискриминација непокачувањето на нивните плати. Сега очекуваат законот да се спроведе.

-Го поздравуваме усвојувањето на измената на законот за високо образование со која се елиминира неправдата направена на петте јавни универзитети во РСМ. Сега остануваме со вербата дека имплементацијата на овој закон ќе стапи на сила во најбрз можен рок, со што на вработените на јавните универзитети ќе им се врати професионалното достоинство кое долго време недостига-рече Авни Авдиу, претседател на синдикатот на УМТ.

Сите овие измени се направени по потпишувањето на Колективниот договор со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Кога тоа се случи, синдикатите на петте јавни универзитети – од Тетово, „Мајка Тереза“ – Скопје, Битола, Штип и Охрид побараа од Собранието како нивен основач да ги потпише нивните колективни договори за да не бидат дискриминирани и во нерамноправна позиција во однос на Универзитетот во Скопје.