Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио во теквондо. Ова е најголем успех во индивидуален спорт од независноста на Македонија. Тој во финалето во категоријата над 80 килограми беше поразен со 15:9 на поени од Русинот Владислав Ларин.
На патот до финалето, Георгиевски го совлада Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6. Претходно Георгиевски во четвртфинакето го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. А утринава, на стартот од турнирот направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.
Семејството, пријателите, клупските колеги, соседи, заеднички ја следеа финалната пресметка на Дејан Георгиевски во Токио.
Во Бутел, во холот на основното училиште Свети Климент Охридски имаше поставено видео бим на кој можеше да се гледа неговата борба против Русинот.
Сите навиваа и посакуваа да биде златен медал, но на крајот го освои среброто.
Сепак, за Македонија ова сребро сјае како злато, бидејќи ова е најголемиот успех на македонски спортист во последните дваесет години.
