Истражители испитуваат дали еден од пожарите во Лос Анџелес е предизвикан од далновод

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Истражителите се сомневаат дека постои можност пожарот во Итон во областа Лос Анџелес да избувнал на далновод и ја разгледуваат таа можност, објави „Лос Анџелес Тајмс“.

Весникот наведува дека областа околу далноводот е оградена и дека пристапот им е дозволен само на истражителите.

Едисон во неделата изјави дека инспекцијата на електричните кола и далноводите во областа Итон открила дека е малку веројатно електричната опрема да го предизвикала пожарот, објави Си-Ен-Ен.