Истражување: Еве од што се подготвени луѓето да се откажат само да работат од дома

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осигурителната компанија „Βreeze“ спровела анкета околу тоа на што луѓето се подготвени да се откажат, само работодавачите да им овозможат да работат од дома.

Новото истражување покажало дека 65% од работниците е подготвено да се откаже од одредени бенифиции, па дури и 5% од платата за работодавачите да им овозможат работа од далеку, односно од дома.

Овој извештај поставува прашање: Што би жртвувале да можете да работите од дома, засекогаш?

Онлајн истражувањето открило дека 65% од американските работници, кои рекле дека можат да работат од дома, се подготвени да се откажат и од дел од платата за тоа да им биде овозможено.

Ова истражување е спроведено на 1.000 лица, чија работа може да се работи на далечина.

Голем дел од лицата рекле дека не би се откажале од повеќе од 5% од платата, но 10% рекле дека се подготвени дури и 25% од платата, сам ода работат од дома. Скоро пола испитаници се подготвени да се откажат од четвртина слободни денов, а 15% рекле дека ќе се откажат од сите платени слободени денови за да можат да работат од дома.